fbpx
16 C
Skopje

ВИДЕО: НА ЧЕКОР ДО МИЛИОНОТ во „Се или нешто“

АКТУЕЛНО

Вистинска драма се случуваше вечерва  во последното издание на „Се или нешто“. Имено, на учесничката Андријана на самиот крај од играта и остана милионот и уште една кутија од 100. 000 денари.

Банкарот првично и понуди 280. 000 денари, а потоа следуваше и втор повик во кој тој ја зголеми својата понуда на 310. 000 денари. После голема дилема дали да ја прифати понудата, или не, Андријана по гласните совети на своите најблиски од семејството ја прифати понудата.

За нејзина среќа, а за жал на банкарот, Андријана успеа да ја продаде својата кутија за три пати поголема сума, односно во нејзината кутија имаше 100. 000 денари а таа прифати понуда од 310. 000 денари.

Андријана е една од учесниците во квизот „Се или нешто“ кои биле најблиски до главната сума – милионот!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -