fbpx
11.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Напаѓачи преку три автомобили упаднаа во куќата на Цеца, ја разбудија силни удари

АКТУЕЛНО

Три автомобили вчера удриле во влезната врата на куќата на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Белград.

Напаѓачите распоредени во 3 автомобили, еден караван и два „мини-купера“, во околу 06:45 часот наизменично удриле во капијата на вилата на пејачката. Тоа траело околу 20 минути, после што избегале во непознат правец. За среќа никој не е повреден. Направена е материјална штета на куќата, а камерите се снимиле.

-Цеца во саботата се вратила од настап од Шведска. Денот го поминала со семејството и се било во најдобар ред. Нигде не излегувала и сите освен нејзиниот син Вељко, кој бил на подготовки во Русија, биле дома. Во неделата утрината, непознати мажи во автомобили дошле до нејзиниот дом. Најпрво се паркирале, а потоа се залетале и удриле во капијата. И тоа повеќе пати – вели извор за „Србија денес“.

-Ударите биле толку силни што Цеца помислила дека некој врши кражба. Обезбедувањето веднаш реагирало, а возачите на автомобилот удриле уште неколку пати и избегале. Веднаш дошла полиција, а пејачката им ја предала снимката.

-Очекувам апсење во текот на денот. Полицијата ги има снимките. Ова е намерен вндалистички упад во приватен имот – рекла Цеца.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -