21 C
Skopje

(Видео) Наречение на Бигорскиот Старец и Игумен Партениј за епископ Антаниски

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

Епископското служење е возвишен израз на апостолското преемство и продолжение на апостолската служба, без која нема вистинска Црква и кое со чистота на животот и во чисто исповедание на верата се извршува. Архиерејската служба е чест, но и тежок крст што епископот смирено го носи по патот на спасителниот подвиг, според примерот на Вечниот Првосвештеник, нашиот Господ Исус Христос, за исполнување на апостолското дело. Повикувајќи ги Своите ученици на проповед и осенувајќи ги со духовна власт, Христос вака ги поучи: Царевите владеат над народите а оние што управуваат над нив се викаат добротвори. Вие, пак, немојте така: но поголемиот меѓу вас да ви биде како најмалиот и тој, што е старешина, да биде како слуга (Лука 22, 25-26). Полагајќи ги тие зборови во основата на своето служење, епископот се труди да биде образ Христов, Негов духовен отсјај, кој насекаде ја јавува сострадалната љубов Христова – спасителна за сите. Според зборовите на апостол Павле, должен е на сите да им биде пример во сѐ и достојно да ја носи крстната служба, сораспнувајќи се со Христа. Тој како неуморен пастир треба непрестајно да бдее над своите овци, пазејќи ги да не застранат од патот на вистината и одново и одново да вели во срцето свое: Чеда мои, кои пак со маки ве раѓам, додека не се изобрази во вас Исус Христос…“ (Галат. 4,19).

Себлагата промисла на Оној, Кој по Својата неизречена милост човекољубиво устројува сѐ и Кој го повика токму на такво високо епископско служење нашиот возљубен Старец и Игумен, отец Партениј, ги собра во свештенолепниот бигорски храм почитуваните архиереи на нашата света Црква, возглавени од архипастирот, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, за да го возложат на него својот благослов и со своите молитви да ја симнат на него благодатта на архиерејството. Исправен пред овој величествен собор, под свештените сводови на Бигорското Светилиште, каде невидливо пребива духовното завештание на Претечата и под молитвената закрила на нашиот возљубен надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, нашиот Старец, со смирен дух и послушност пред волјата Божја, ја потврди својата согласност да го прими на себе тој голем крст: Бидејќи Светиот Синод на Македонската православна црква благоволил да ме произведе во таква служба, благодарам, примам и не се противам, Блаженејши владико!

Овие зборови ги запечати умилното пеење на молбениот призив кон Светиот Дух и торжествениот возглас на тропарот на Педесетница. Во тој свештен миг следеше уште едно сведоштво на љубовта и братската поддршка на архијереите, кога Архиепископот ја прекрши просфората и им подаде на своите собраќа, присутни на свечената трпеза на љубовта, меѓу кои беше и новонаречениот епископ Антаниски г. Партениј. Преку ова послужение со леб и вино, во спомен на заедничарењето со Светите Дарови, кое беше поставено среде храмот, уште еднаш беше потврдена сеопштата согласност за изборот.

Потоа, на восхит на присутните што не можеа да присуствуваат во храмот, туку наречението го следеа во манастирскиот двор преку видео пренос, Архиепископот го ороси со света вода новиот епископ, облекувајќи го со сила одозгора. Најпосле, на вечерната богослужба што следеше, архиереите, како и присутните архимандрити, игумени, јеромонаси и свештеници кои сослужуваа, ги умножија свечените молитвени напеви со своите прозби кон Првоначалникот на верата Христос да го удостои нашиот Старец со Духот на премудроста и разумот, Духот на силата и познанието, Дух на благочестието и милоста, да ги залечи раните и надополни човечките слабости, за неговото служење да Му биде угодно на Господа, полезно за Црквата, спасително за народот Божји, а во слава на Светата и Живоначална Троица!

На многаја лета, возљубен наш татко, новонаречен Епископу Антаниски, г. Партение!


 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Со изведба на одбрани арии отворено јубилејното 60. „Охридско лето“

Охрид од вечерва до 30 август ги живее своите 28 дена возбуда што ги носи Фестивалот „Охридско лето“. Со познати арии во изведба на...

СЗО ја повика Русија да ги следи меѓународните насоки во производството на вакцина против ковид-19

Светската здравствена организација ја повика денеска Русија да ги следи меѓународните насоки во производството на вакцина против ковид-19, откако оваа земја рече дека ќе...
- Advertisement -