fbpx
37.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Николовски: 10 милиони евра поддршка за земјоделците

АКТУЕЛНО

Дополнителни 6.000 денари за хектар пченица или 2 милиона евра повеќе од досегашните субвенции, дополнителен еден денар за килограм предаден јачмен кај регистрирани откупувачи поради штетите и ниските приноси од годинашната жетва, дополнителни 10 отсто од висината на досегашните субвенции за градинарите и дополнителни 10 проценти по хектар фуражни култури за сточарите, предвидуваат измените на Програмата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој што ја усвои Владата на синоќешната седница.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, согласно измените дополнителна поддршка од 10 отсто за хектар ќе добијат и 25.000 лозари и 15.000 овоштари.

– Со овие измени директно им излегуваме во пресрет на земјоделците, а проектираните вкупно 10 милиони евра поддршка ќе отидат во рацете на вистинските овоштари, лозари, сточари и полјоделци. Тоа ќе значи поддршка на домашното производство на храна, нагласи Николовски на прес-конференција.

Министерот информира и дека е усвоен предлогот да се обезбедат 10 илјади евра неповратни средства за младите земјоделци.

– Распишуваме оглас за пријавување млади земјоделци, а новите критериуми за аплицирање кои денес ги потпишуваме со Правилник, ќе помогнат средствата да завршат кај вистинските земјоделци кај вистинските производители, потенцира Николовски.

Поради пропуст на минатата Влада, како што истакна министерот, донесена е одлука за субвенции за подигнување повеќегодишни насади.

– Со оглед дека рокот од 29 февруари воопшто не бил објавен, им излегуваме во пресрет на земјоделците кои извршиле есенско подигање на насади во 2016 годна и на оние што извршиле пролетно подигање во 2017 година. Сите тие ќе може да поднесат барање за субвенции до 1 септември, рече министерот за земјоделство Николовски.

Овие две нови мерки во Програмата за рурален развој, подвлече ќе овозможат директен трансфер на 6 милиони евра и ќе се реализираат до 31 декември оваа година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -