fbpx
16 C
Skopje

ВИДЕО: Пандев им се врати на головите

АКТУЕЛНО

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев по подолга пауза се запиша во листата на стрелци во Серија А, во ремито кое заврши 2:2 на Џенова со Лацио.

Пандев во игра влезе во 61. минута од средбата, за по асистенција на Лазовиќ во 78. минута погоди за водство од 2:1 на домашниот тим, кој пак прими гол во првата минута од судиското продолжение и загуби веќе „освоени“ два бода.

http://www.dailymotion.com/video/x5idggs_goran-pandev-goal-hd-genoa-2-1-lazio-15-04-2017-hd_sport

Палермо на Несторовски и Трајковски потрфли, откако ремизираше без голови со Болоња пред своите гледачи, а гостите уште од 25. минута останаа со играч помалку. Ниту тоа не беше доволно за тимот од Сицилија да дојде до победа. Трајковски играше до 73. минута, додека Несторовски на теренот го помина целиот натпревар.

Резултати, Серија А:
Интер 2:2 Милан
Рома 1:1 Аталанта
Каљари 4:0 Киево
Фиорентина 1:2 Емполи
Џенова 2:2 Лацио
Палермо 0:0 Болоња
Пескара 0:2 Јувентус
Торино 1:1 Кротоне

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -