На емисијата „360 степени“ беше прикажана една поинаква содржина, за прв пат во Македонија преку видео се огласи излекуван пациент од корона вирусот. Станува збор за жена, која после 2 негативни тестови, е пуштена на домашно лекување.
Пациентка излечена од коронавирусот Ковид-19, која во средата ја напушти Клиниката за инфективни болести во Скопје по 17 дена лекување, за „360 степени“ сведочи за тоа како се заразила, какви мерки на заштита презела кон своето семејство, како се самоизолирала по враќањето во земјава, како ги развила симптомите, за лекувањето на клиниката.
Сведоштвото погледнете го од видеото на „360 степени“
Бројот на заразени од корона вирусот во Македонија постојано расте, а досега се регистрирани вкупно 430 случаи позитивни на заразата.
Како се справуваат: Само во 18 држави во светот нема заразени со Ковид-19
Повеќе од еден милион случаи на заразени со Ковид-19 се пријавени досега во земји – од Непал до Никарагва. И како што се зголемува бројот на смртни случаи, а пациенти ги преплавуваат болниците, прашањето е – има ли место на земјата каде нема заразени од новиот коронавирус?
Одговорот е, можеби изненадувачки, да, јави Би-Би-Си.
Од 193 земји-членки на ОН, до 2 април 18 земји не пријавиле ниту еден случај на заразен со Ковид-19, јави Би-Би-Си, кои ги користат податоците од универзитетот Џонс Хопкинс.
Тие 18 држави се: Комори, Кирибати, Лесото, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломонски Острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен.