fbpx
29.8 C
Skopje

ВИДЕО: Шекспир го надмудри Клоп, Лестер конечно славеше

АКТУЕЛНО

Актуелниот шампион на Англија, Лестер, ја прекина катастрофалната серија од шест натпревари без победа во Премиер Лигата, откако денес со убедливи 3:1 го совлада тимот на Ливерпул. Ова воедно е и првата победа на новиот тренер на Лестер, Крајг Шекспир.

Лестер феноменално влезе во натпреварот, а голот за водство го постигна еден од најдобрите поединци во тимот, Џејми Варди во 28. минута од натпреварот. Лестер продолжи со фантастичната игра, па за само единаесет минути подоцна, Дани Дринкватер со маестрален удар од далечина го матираше голманот на Ливерпул, со што го постави резултатот за полувреме, 2:0.

На само 15. минути од почетокот на второто полувреме, Варди по асистенција на Фухс го донесе својот тим во водство од 3:0. Кутињо во 68. минута даде мала надеж на своите соиграчи, постигнувајќи гол за 3:1, но тоа не беше доволно целосно да се анулира предноста на Лестер.

Со оваа победа актуелниот шампион се наоѓа на три места од зоната на испаѓање со вкупно освоени 24 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=cULtBLaQEFo

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -