24 Телевизија направи прилог за тоа како денес, 18-ти март, се однесуваат граѓаните во Скопје поврзани со корона вирусот. Негде има паника, а на друго место односно во Шуто Оризари, никој никого „мува не го лази“.
Во продолжение целиот прилог:
Оттаму се упативме кон Шуто Оризари, и се чини влеговме во сосема безгрижно подрачје. Овде затекнавме музика, смеа и целосно непочитување на препораките.
Непознавањето на состојбата во овој дел од градот е загрижувачка, децата и целокупното население тука се под висок ризик, оттаму, жителите на Шутка преку градскиот превоз се упатуваат кон Скопје, и покрај алармантната состојба во целиот свет, овде сите се спокојни.
Не е шега, и граѓаните треба да бидат одговорни, апелира редовно на пресовите министерот за здравство, но дел од граѓаните и понтаму одбиваат да ги прифатат препораките. Во Жена Парк и денес повторно групирање на пензионери, кога дел од нив не видоа дека доаѓаме веднаш се разбегаа, а еден од нив храбро ни одговори дека не може по цел ден да остане дома.
Одговорните граѓани и понатаму водат грижа за своето и здравјето на своите најблиски па во домашни услови го исполнуваат своето време, дел од нив се упатуваат кон аптеките во потрага по неопходните хигиенски средстава, во Скопје се забележуваат редици со пристојно растојание. Скопје и Македонија водат битка со коронавирусот.