Секоја година во Август на празникот Успение на Пресвета Богородица, во една црква има голем број змии кои буквално се мазат и галат со луѓето, па луѓето веруваат дека се благословени од Богородица.
Змиите долги и по неколку метри се појавуваат во црквата, а иако многумина тврдат дека се отровни, никогаш никого не каснале и повредиле на тој ден.
Девојка од Србија која живее во Грција каде е мажена, се решила да оди во оваа црква во Кефалонија и објавува видео од таму.
– Секоја година на 15. август во селото во Грција се одржува празникот, а змиите доаѓаат. Народот ги нарекува “Агиофида” или во превод Свети змии, вели Милица која ја посетила црквата.
Змиите на главата имаат шара како крст.
https://www.youtube.com/watch?v=LccpW44CKG4