fbpx
2.8 C
Skopje

Видео снимка од станот во кој беа пронајдени пелените – екипите влегоа со гас маски

АКТУЕЛНО

Во текот на вчерашниот ден пишувавме за шесткатница во скопски Аеродром на булеварот Јане Сандански. Станарите беа евакуирани , поради неподнослива миризба. Тие ги повикале итните служби зашто не можеле да ја издржат миризбата , што се ширела од објектот.

Во зградата интервенираа екипи на полициајата и противпожарната служба. Граѓаните се жалеа и дека службите не можеле порано да ја почнат интервенцијата, зашто целиот објект е заграден со бетонски столбови и итните служби немале пристап.

Денес се дозна причината за немилиот настан. Користени пелени била причината за евакуацијата на жителите на Аеродром во населбата Острово. ТВ 24 објави и видео од станот, во кој се гледаат искористените пелени, а хигиената во останатите простории е на најниско ниво.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -