Според информации на порталот Фронтлајн, пред СП Борис Трајковски во моментов се ангажирани над 80 полициски возила за снимање на спот.
Како што пишува порталот, нивни читател испратил и видео до нив, во кое се гледа дека возилата се со вклучени ротирачки светла и дека истите се таму за снимање на спот за Министерството за внатрешни работи.
Од МВР нема уште никакви информации за тоа зошто во време на пандемија и полициски час е потребно на снимање на спот за Министерството за внатрешни работи.
Пет минути по објавувањето на нашата вест дека среде вонредна состојба, Наќе Чулев ангажира 80 полициски возила во близина на спортскиот центар Борис Трајковски – за снимање спот, читател на Фронтлајн ни испрати видео на кое се гледа огромен број полициски возила на паркингот на спортскиот центар. Официјална информација сѐ уште нема.
Posted by frontline.mk on Monday, May 4, 2020