fbpx
1.3 C
Skopje

(ВИДЕО) Средба на премиерот Заев со бизнисмени во Анкара: Трговијата да достигне милијарда евра, има интерес за нови инвестиции

АКТУЕЛНО

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Постојат можности за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, констатирано е заеднички на вечерата на премиерот Зоран Заев со бизнисмени од Турција, организирана вечерва во Анкара, од ТОББ (TOBB) – Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција.

-Тука сме да пренесам отворена покана за инвестирање во Македонија. Свесен сум дека мојата земја ќе има напредок ако се развиваат приватниот сектор и инвестициите. Сакам да ви пренесам дека постои амбиент за инвестирање во Република Македонија. Со околу 35 инвеститори сме во пред договор, со 10 имаме потпишано договори, а има 100-ци заинтересирани, рече премиерот Заев пред бизнисмените од Турција.

Тој посочи дека Турција е 6. земја по големина на инвестиции во Македонија, дека 456 милиони евра е трговската размена и порача дека со перспективите за поголема соработка, може да има и поголем профит за компаниите и нови работни места за граѓаните на Македонија.

-Нашата цел е за неколку години трговијата со Турција да биде една милијарда евра, рече премиерот Заев.

Тој посочи на еднаквиот третман што го има новата Влада кон странските и домашните инвестиции, олеснувањата кај данокот на добивка и персоналниот данок, годишниот буџет од 55 милиони евра за секоја инвестиција во домашното стопанство.

Како области за продлабочување на соработката ги наведе земјоделството, енергетиката, градежништвото. Премиерот Заев рече дека правна регулатива за соработка меѓу двете држави има, но дека ќе има унапредување на постојните договори, како тој за слободна трговија.

Тоа е едно од очекувањата на бизнис заедницата во Турција.

Потпретседателот на ХОББ, Фаик Јавуз, порача дека Турција и Македонија се големи пријатели и дека тие, како граѓани и како бизнис заедница ја поддржуваат Македонија во нејзиниот развој.

-Има околу 100 турски инвестиции во Македонија, но има уште многу што да се направи. Македонија се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа, цели кон ЕУ, работи на тој пат, тоа значи отворен пазар и од 650 милиони луѓе, рече потпретседателот на ХОББ, Јавуз, охрабрувајки ги бизнисмените за инвестиции во нашата држава.

ој му честиташе на премиерот Заев за новата позиција и оцени дека Република Македонија треба да биде среќна што има динамичен премиер кој ќе остави белег со своето работење.

Премиерот Заев во име на граѓаните на Македонија се заблагодари за искрениот пријател што го имаат во граѓаните на Турција.

На средбата зборуваше и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил кој најави максимална поддршка за зголемување на економската соработка.

Се отвори и дискусија со заинтересираните бизнисмени кои на премиерот Заев му доделија плакета како благодарност за отворената соработка.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев од вечерва е во официјална посета на Република Турција придружуван од министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.

Премиерот Заев, за време на посетата на Анкара ќе има средби на највисоко владино и државно ниво.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Штотуку соопштени најновите резултати: Дури 3127 лица за само 24 часа се тестирани, 1022 од нив се позитивни на ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 463, Куманово 30 , Дебар...

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски: Ќе ги објавувам со име и презиме сите од ВМРО кои плукаат по Заев а зборувале многу за Бугарија

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран...

Овој напиток е ХИТ во светот: Се пие 15 дена, намалува 80 отсто од маснотиите

Револуционерниот напиток стана хит во светот поради својата ефикасност. Тајната е во главната состојка – сода бикарбона бидејќи за четири недели го забрзува метаболизмот и...

Николовски : Штип заслужува да е во сигурни раце

Денеска се приклучив на централниот караван на #СДСМ во Штип, со поддршка и промоција на програмата на Д-р Сашко Николов. Само со Сашко Николов,...
- Advertisement -