fbpx
-0.3 C
Skopje

(ВИДЕО) Трајановски: Ново сообраќајно поврзување за Аеродром преку изградба на нов мост на реката Вардар

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Нови и модерни сообраќајни решенија во насока на подобрување на сообраќајот во Скопје е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за наредните 4 години.

Едни од капиталните проекти за подобрување на сообраќајот во Скопје е изградбата на нов мост на реката Вардар и поврзување на Аеродром со централното градско подрачје.

Деталите за овој капитален проект денеска на прес-конференција ги соопштија кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

 

Во моментов жителите на општина Аеродром имаат само две поврзувања со централното градско подрачје, а тоа се булеварите Јане Сандански и Трета Македонска Бригада преку раскрсницата кај Тутунскиот комбинат. Овие две сообраќајни артерии се премалку за да ги задоволат потребите на жителите на Аеродром и секој ден сме сведоци на големи сообраќајни метежи кои што се создаваат.

Во таа насока, еден од приоритетите во овој 4 годишен мандат е изградба на уште едно сообраќајно поврзување на општината Аеродром со повеќе општини, преку изградба на нов мост на реката Вардар. Овој капитален мега проект, кој има проектирана вредност од над 8 милиони евра, предвидуваме изградба на нов мост од булеварот АСНОМ, кај спортската сала „Јане Сандански“ и негово поврзување со улицата „Беласица“ во близина на Скопскиот саем, кое ќе биде со должина од над 1 километар. Со изградбата на оваа нова сообраќајница. Аеродром ќе добие ново поврзување со централното градско подрачје, каде на граѓаните ќе им се зголеми поврзаноста со општините Центар, Чаир и Гази Баба. Со ова сообраќајно решение Аеродром ќе добие нова сообраќајно поврзување и алтернатива, а со тоа ќе се надминат сообраќајните метежи со коишто се соочуваат жителите во моментов.

Во насока на подобрувањето на сообраќајната поврзаноста на жителите на општина Аеродром, во изборната програма на кандидатот за градоначалник за Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се предвидени поголем број на проекти, како што е поврзувањето со општина Кисела Вода преку изградбата на улицата „Есенинова“, како и двете поврзување со булеварот „Трета македонска бригада“ преку пробивањата на улиците „Васко Карангелески“ и „Борис Кидрич“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пронашол изгубен новчаник, подоцна добил писмо кое го расплакало

Се враќал од продавница, кога на паркингот до автомобилот забележал туѓ новчаник. Веднаш покажал дека е добар човек, со потегот кој го направил. Џастин Тарел...

Авиooн се срyшил, загинале 520 луѓе, а 35 години подоцна се појавил пак на радарите

Јапонски патнични авион со број JL123 на Japan Airlines се срушил на 12 август 1985 година. И до ден денес според статистиката тој е...

Една од последиците на коронавирусот е опаѓање на косата

Голем број луѓе со коронавирус по закрепнувањето пријавија проблем со опаѓање на косата, а некои познати личности решија да го споделат со јавноста. Една од...

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...
- Advertisement -