fbpx
2.8 C
Skopje

ВИДЕО: Узбуна во Шпанија – играчите на Севилја го славеа голот – додека паѓаше трибината на „Ипуруа“

АКТУЕЛНО

Тимот на Севилја е во одлична форма, па по победата над Реал Мадрид со 3:0, денес уште едно одлично издание на тимот од Андалузија, кој по еден час игра имаше предност од 0:2 на гостувањето кај Еибар.

Сепак, оваа средба многу повеќе го привлече вниманието со паѓањето на дел од трибина на стадионот „Ипуруа“, дел од стадионот каде беа сместени гостинските навивачи.

Овој настан предизвика голема паника на теренот и меѓу играчите и меѓу навивачите кои паднаа на тревникот, а брзо мораа да реагираат и медицинските лица на двата тима кои им дадоа прва помош на фановите.

Средбата беше неколку минути во прекин, по што двајца навивачи на Севилја беа изнесени на носилки од теренот. Сето тоа со поздрав од сите навивачи на стадионот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -