На социјалната мрежа Тик-ток објавено е видео снимено на автопатот Тетово-Гостивар, како млад возач вози автомобил со 290 км на час.




Ммладиот возач, објави неколку снимки на кои се гледа како вози над 200 км на час во неколку прилики, иако самиот наведува дека е дозволено 100 км на час.
Погледнете како изгледа тоа




…ииии имаме нов рекорд со 290km/h и низа снимки со поголема брзина.
Пишете го на пописот и овој во графа живот-загрозувачи.
🚨🆘️🚨🆘️🚨🆘️🚨🆘️ pic.twitter.com/cbFdGG3z8Q— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 22, 2021
Ова не е прв пат на ТикТок да видиме видеа во кои самите учесници во сообраќајот се “фалат” за тоа каков “успех” постигнале на патиштата. Се поставува прашањето како ќе се стави крај на овие лудории кои можат да го загрозат животот и на останатите учесници во сообраќајот?