fbpx
19 C
Skopje

ВИДЕО: Вози во спротивна насока на автопатот – Македонец за влакно избегна несреќа!

АКТУЕЛНО

Неодговорен возач утрово на влезот во Скопје, возел во спротивна насока на автопатот. Снимкава која утрово осамна на социјалните мрежи е постирана од извесен Милан Џавероски кој утрово додека патувал и се движел со својот автомобил на автопатот кон Скопје, поточно на влезот на Скопје – Хиподром, наишол на светло сив автомобил од марката „Голф 3 Караван“ со РКС регистрација, кој се движел во спротивен правец на автопатот.

Несовесниот возач кој се движел во спротивна насока, директно го загрозувал животот на другите возачи во сообраќајот, најверојатно движејќи се кон излезот на Арачиново или кон обиколницата за Косово.

Сето ова се одвивало во раните утрински часови кога се уште е намалена видливоста на самите патишта.

„Обично возам побрзо по левата лента на автопатот, утрово возев под дозволената брзина и по десната коловозна лента на автопатот. Се наежив од помислата што можеше да се случи ако возев по левата лента со малку поголема брзина од дозволената“, раскажува тој на социјалните мрежи.

Видеото прикачено на социјалните мрежи погледнете го ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -