fbpx
19 C
Skopje

ВИДЕО: Заев – Ги побаравме доказите за обвинението, има сериозен сомнеж за законитоста на постапката!

АКТУЕЛНО

„Денеска сме овде за да ја докажеме нашата невиност во случајот „Поткуп“, побаравме согласно законот, нашето право да ни биде овозможено да добиеме докази на коишто Јавното обвинителство го темели своето обвинение против мене за поткуп. Тоа право судот го прифати, ќе ни биде овозможено да добиеме препис или копија од доказите на основа на коишто се цитирани на самиот составен дел на обвинението, за да можеме да влеземе со воведни зборови на 4 мај во 10 часот кадешто ќе почне судското рочиште со воведни зборови на нас како одбрана и на обвинителството“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Беа побарани и наредби, претпоставувам за посебни истражни мерки. Зошто овие наредби ги бара одбраната? Што е спорно во тие наредби?

„Наредбите ги бараме уште од самиот момент на предистражна и истражна постапка, на донесување на обвинителен акт и како што гледате до денеска не можеме да добиеме препис од наредбите за да можеме да ја видиме законитонста на начините на постапката на обезбедување на посебните истражни мерки и моето телефонско слушање на двата телефонски броеви. Во другите случаеви, на пример во „Пуч“ тоа ни беше овозможено. Тоа е право на одбраната да има свој увид. Во овој случај тоа не е овозможено, ние искрено се сомневаме во незаконитоста на постапката, на обезбедувањето на посебните истражни мерки имајќи во предвид дека државното јавно обвинителство токму овие прислушкувани разговори си ги разгледува секојдневно, си создава нови предмети, си шири нови истраги, си отвора нови предистражни постапки, сосема различни од оваа. Сето ова ни индицира сериозно сомневање за законитоста во постапката на посебните истражни мерки коишто се составен дел од самото темелење на докази за обвинението, кадешто се работи точно за следење на моите телефонски разговори“, одговори Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -