fbpx
18.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Заев на летниот камп на СДММ: Секој ангажман на младите е дополнителна движечка сила на нашето општество

АКТУЕЛНО

„Голема е честа и одговорноста да се води државата, а јас можам да ја водам со социјалдемократската младина до мене“, со овие зборови го започна своето обраќање претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев пред младите социјалдемократи во рамки на летниот камп кој секоја година традиционално се одржува во Охрид во организација на СДММ.

„Со нашата креативност, мудрост и знаење заедно ќе одржиме лекција дека Македонија може да биде едно среќно и поперспективно место за живот за сите граѓани, а посебно за младите. Животот е нашето мото, им го ветивме на граѓаните и сега наша должност е тие да го почувствуваат и да го конзумираат од позитивен аспект секојдневно.“ порача претседателот Заев.

Една од повеќето пораки што претседателот Заев ги упати кон младите луѓе од СДММ е дека преку градење на сојузи и пријателства, со подадена рака секому, преку инклузивен процес на вклученост на сите може да се понесе големата одговорност исправена пред СДСМ и младите социјалдемократи од СДММ во насока на градење на иднина која ќе значи економско подобрување на животот на граѓаните.

„Денеска на седница на влада го донесовме ребалансот на буџетот за 2017. Го отстранивме непродуктивното трошење проектирано од претходната власт. Така направивме заштеди и успеавме да вградивме авангардни политики од програмата на новата влада односно од програмата „План за живот во Македонија. Од први септември ќе ја стартуваме „Младинската гаранција“. Вкупно 500 милиони денари, или безмалку 9 милиони евра собрани од даноците на граѓаните односно буџетски пари ќе бидат наменети за оваа цел. Тоа во најголем дел се работни места за младите, финансирани од државата, а отворени од приватниот сектор. Тоа исто значи до-едукација или до-образување, да го продолжат своето образование во делот на магистратурите или докторатите, или да одберат тренинг и пракса за да можат да најдат постабилна, потрајна и подобро платена работа после завршувањето на високото образование.“ истакна претседателот Заев.

Зборувајќи за „Младинската гаранција“ тој посочи дека очекува големи резултати бидејќи оваа мерка е проверена европска пракса. Претседателот Заев најави дека владата ќе бидат во насока и на изнаоѓање на дополнителни средства од европски грантови и европски кредити со цел да се спречи миграцијата и да се создаде среќен амбиент помеѓу младите луѓе во Македонија, и така да бидат директно вградени во општеството преку квалитетна и добро платена работа.

„Силно сме убедени дека секој ангажман на младиот човек е дополнителна моторна и двигателна сила на нашето општество. На ваша страна сум, да ве подржам во секој момент, во вашите идни перспективи заради тоа што вашите идни перспективи се и перспективи за нашата заедничка земја, Македонија.“ рече во своето обраќање претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев пред младите социјалдеморкати учесници во летниот камп.
Во таа насока како клучни процеси исправени пред Македонија, се интегративниот процес во ЕУ и НАТО, но и интегративниот процес на различностите внатре во државата за кои како што рече претседателот Заев треба да претставуваат императив во секојдневното делување на СДСМ и СДММ.

Како важна ја истакна улогата на младите луѓе од СДММ во процесот на враќање на слободата и во охрабрувањето на граѓаните да се изборат за неа во услови кога Македонија беше заробена држава од криминално режимско владеење на неколкумина луѓе од претходната власт.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -