fbpx
14.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Заев раскажа анегдота на Макрон и Рама: Сите сакаме во ЕУ, како што сакаме и во брак, иако после може да зажалиме

АКТУЕЛНО

Премиерот Зоран Заев на Виенскиот економски форум што се оддржа во Софија раскажа анегдота од разговор меѓу албанскиот премиер Еди Рама и францускиот претседател Емануел Макрон, во врска со зачленувањето во ЕУ.

– Макрон му рекол на Рама, зошто толку сакате во ЕУ кога уште и ние не сме средени за да ве примиме. Еди му одговорил, ‘абе сакаме, исто како во брак што сите сакаат, а после може и ќе зажалиме’ – рече Заев, што предизвика смеа кај присутните.

 

Заев по ова рече дека се шегува и дека Македонија верува во Европската Унија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -