Во Туман, Албанија, во посета на настраданите од земјотресот беше и претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој даде изјава и за медиумите.
При давањето на изјавата на Тачи, се случи нов силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Во моментот додека Тачи зборуваше, забележливо е како се тресе се од околу, особено возилото на брзата помош, а набрзо потоа се слуша и врескање и паника меѓу новинарите.
Земјотресот се случил точно во 15 часот и 45 минути. Истиот беше почувствуван и во Македонија.