fbpx
18.8 C
Skopje

Казна од 6 години затвор доби Јанкуловска за случајот Тенк

АКТУЕЛНО

Шест години казна затвор е осудена Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, како обвинета во случајот „Тенк“, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра. Пресудата денеска во Кривичниот суд ја соопшти судијката Добрила Кацарска, која истакна дека Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службената положба и овластување.

Поточно, како што рече судијката, Јанкулоска му ја исполнила желбата на тогашниот премиер Никола Груевски и МВР го набавил мерцедесот кој тој претходно го избрал, при што била нарушена и тендерската постапка, бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор.

Јанкулоска за одлуката ќе се информира од медиумите или од своите адвокати, бидејќи одлучи да не присустува на објавата. Во моментот таа е во Кривичниот суд, но во друга судница каде што им се суди на обвинетите во случајот “Таргет и Тврдина”, каде што и таа е обвинета.

Во „Тенк“ претходно беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор, за набавка на блиндирано моторно возило „Мерцедес С 600 Гард“ во вредност од 600 илјади евра.

Двајцата се жалеа до Апелацискиот суд за висината на казните. Апелација во петокот соопшти дека жалбата на Груевски е отфрлена и му ја потврди затворската казна од две години. На Поповски, пак, пресудата му е преиначена на четири и пол години затвор.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -