27 C
Skopje

Вистината боли – а можеше и мора поинаку за Македонија и нас

АКТУЕЛНО

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

Последниве денови сведоци сме на хистерични обиди вината за нашите состојби и неуспеси на патот кон ЕУ да ги префрлиме исклучиво на грбот на моменталниот водач на Франција, Емануел Макрон, но без при тоа да си погледнеме во нашиот двор, да се погледнеме меѓу себе и искрено и реално да си признаеме без разлика на леви или десни, Македонци, Албанци, Срби, Турци и други, каде и зошто грешевме и зошто безгранично сами себе си се манипулиравме и бегавме од вистината.

Секако со ова не сакам да ја амнестирам дволичната и калкулантска политика на ЕУ кон Македонија, докажана од дамнина до ден денешен, сите заткулисни игри, неправди и сплетки на големите сили предводени од Франција, Грција и др. Но сепак мораме да разбереме дека решението на нашите проблеми сме самите ние, подобриот живот ни е насушно потребен на нас што живееме во оваа наша Македонија, без разлика на политичка, верска, етничка припадност, а не на странците, не на бирократите во ЕУ, ниту на Макрон, Јункер, Прибе и сличните на нив.

Затоа наместо да кукаме и да се фалиме како блескаме, ама странците не сакале да го видат тоа, императивот во размислувањето на секоја индивидуа, на секоја политичар, на секој добронамерник и човек кој си ја сака Македонија, треба да ни биде како да си ја средиме нашата Македонија. Како заради нас и никој друг да имаме нормално судство, нормално здравство, да имаме квалитетно образование, да создадеме вистински можности за пазарно стопанство, чиста и здрава животна средина, да имаме ефикасна администрација, да ја гледаме иднина на младите но и да обезбедиме пристоен живот за старите.

Мора да си ја признаеме ВИСТИНАТА колку и да боли, дека во последните 10-15 години не ја сработивме домашната задача, ги утнавме приоритетите, го изгубивме достоинство, се изгубивме во дворските политички игри и калкулации, потонавме во сплетките на само бендисани политичарчиња.
Затоа дефинитивно ни фалат политичари со храброст но и трезвеност, ни фалат политичари со визија и без калкуланство, кои реално може да создадат услови во Македонија за владеење на принципите на демократија, слобода на живеењето и храбри реформи за пристоен живот на сите нас, живот неоптоварен со политика, без потреба да имаш врска во партијата на власт за да завршиш некоја банална работа, да се вработиш или да имаш успешен бизнис

А може и мора поинаку, за нас, за нашите деца, за Македонија и не е толку тешко колку што “успешните” денешни политичари сакаат да ни прикажат, бидејќи кој од Вас почитувани ќе поверува дека во 21 век, во ера на општа дигитализација не може да се има ефикасна администрација, да не се чека по шалтери и услугите да ги добиваме брзо и ефикасно користејќи ги придобивките на дигитализацијата, не е за верување дека во 21 век не може да се реорганизира здравството за да добиваме врвни здравствени услуги, наместо да трошиме повеќе од 600 милиони евра годишно и да го гледаме очајот, бедата и хаосот во здравството, не е за верување дека не може да им се обезбеди пристојна плата на нашите доктори, ниту пак е за верување дека не може да направи квалитетно образование кое ќе продуцира почитувани и обучени кадри, а не како до сега “инвалидизирани” дипломци.

Затоа драги мои доколку искрено сакаме пристоен живот во Македонија, мора да се има храброст, мора да се има визија и пред се искрена желба и пред се знаење од тие кои сакаат да креираат политики и сега и во иднина, да се понуди вистински реален ПЛАН со кој ќе го подигнеме квалитетот на животот, со кој ќе го подигнеме квалитетот на здравството, план кој ќе гарантира ефикасна и мала но добро платена администрација, вистинско реформирано судство ослободено од партиски влијанија, чиста животна средина, но и создавање услови за развој на бизниси кои нема да бидат зависни од желбата на разно разни квази политичари и само прогласени успешни реформатори.

А ПЛАНОТ за создавање на благосостојба и пристоен живот за секој граѓанин во Македонија е едноставен и реален, базиран на темелни реформи во здравствениот систем, поточно во Фондот за здравство и начинот на трошење на парите, во приватизација на многу области од државната администрација, во воведување на олеснување и поедноставување на водењето бизнис, рационализација на бројот на политички функции во државата, ефикасен судски систем, ПЛАН кој во следните текстови со задоволство ќе Ви го претставам како план кој нуди можност МАКЕДОНИЈА да стане пристојно место на живеење за секој нејзин граѓанин со истите Буџети кои сега се трошат на нерационални работи, без разлика дали ќе бидеме членка на ЕУ или не.

МАКЕДОНИЈА МОРА ДА БИДЕ ПРИСТОЈНО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ, СЕГА И ВЕДНАШ БИДЕЈЌИ ЖИВОТОТ НЕМА РЕПРИЗА

Сашо Начовски

Член на ВМРО Народна партија

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -