fbpx
1 C
Skopje

Витанов: Велешани во 2017 година ќе знаат на кого да ја дадат довербата да го води градот напред

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

На 15-ти октомври сите велешани ќе бидат исправени пред еден многу важен избор. Граѓаните ќе одлучуваат по кој пат треба да се движи Велес во наредните четири години – патот по кој Велес ќе продолжи да оди напред или патот кој води назад во минатото.

Денес, на само четири дена пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори сите граѓани веќе добро знаат кои се кандидатите за градоначалник на Велес. Знаат кој е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и знаат кој е кандидатот на СДСМ.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ излегува со господинот Славчо Чадиев – актуелниот градоначалник кој во изминатите 4 години покажа дека знае да работи, дека знае да се носи со предизвиците, да решава крупни проблеми и човек кој стои на зборот даден пред избори и збор запишан во изборната програма.

Додека ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните излегува со Славчо Чадиев, СДСМ пред Велешани излегува со Аце Коцевски – вечниот кандидат за градоначалник, кандидат кој го предлагаат цели 17 години – кандидат на изборите во 2000, во 2005, 2009, 2013 и сега повторно во 2017 година.

Велешани многу добро знаат кој е Аце Коцевски.

Нема политичар кој имал толку можности да направи нешто за подобар Велес колку што за тоа имал Аце Коцевски.

Тој непрекинати 15 години, од 1994 година, па се до 2009 година, беше на високи позиции. Беше пратеник, беше функционер во извршната власт и потоа градоначалник.

Тој, од позицијата градоначалник, имаше можност во два мандати, цели 9 години, да направи нешто корисно за градот. Наместо тоа, тој имаше скромни резултати, а во некои области важни за животот и егзитенцијата на граѓаните поразителни.

Пример, во 2000 година кога за прв пат му беше дадена довербата, бројот на невработени лица во градот беше 11.197. Во 2004 година, после само еден мандат, бројката на невработени беше близу 17 илјади. Тоа е најцрниот рекорд на невработени лица во Велес.

Во тие девет години додека Коцевски беше градоначалник, во Велес не се отвори ниту една нова фабрика, а се затворија десетици. Им ветуваше на вработените во Колска дека француска компанија ќе ја купи фабриката.

Понатаму, Велес немаше редовно вода за пиење. Секое лето имаше рестрикции, а жителите во високите зони имаа секојдневен проблем со водоснабдувањето.

Сметките за вода за пиење се зголемија за 210 проценти.

Понатаму, во време на неговото владеење го задолжи Велес со МЕАП кредит со кој требаше да се заменат сите азбестни водоводни цевки во градот. Но не само што тоа не го направи, туку се уште стојат сомнежи поврзани со трошењето на овие средства. Кредитот МЕАП што се зема во времето на Аце Коцевски го отплаќаше градот сѐ до 2015 година – цели 7 години по неговото заминување од функцијата градоначалник. Потрошени беа милиони, а Аце Коцевски се уште не одговори на сомнежите околу трошењето на овие пари.

Уште еден пример е проблемот со свлечиштето Рамина. Ветуваше дека ќе го реши, а потоа бегаше и тврдеше дека не е негова надлежност. На луѓето од Рамина им се рушеа куќите и половина град беше во опасност од хуманитарна катастрофа, а тој бегаше, се правдаше и се прогласи за ненадлежен. Внимавајте, половина град му се руши на градоначалникот, а тој се прогласи за ненадлежен. Не сакаше да одвои ниту еден денар од буџетот на општината за да се помогне на луѓето. Парите му беа потребни за шминкање на фасадите.

Во мандатот на Коцевски училиштата беа целосно заборавени. Не се реконструираше ниту едно единствено училиште.

Граѓаните на Велес не му ги забораваат лажните ветувања за булевар, за театар, и тоа дека целосно ја заборави левата страна од градот, без ниту еден единствен реализиран проект.

Коцевски ќе остане запаметен и како градоначалник на Велес кој не ги почитуваше законите за градежна постапка и градеше дивоградби. Но, истовремено, додека тој градеше дивоградби не се воздржуваше да ги урива привремените бараки на занаетчиите во кои десетина наши сограѓани вадеа парче леб за своите фамилии.

Ете тоа е вечниот кандидат за градоначалник на СДСМ, Аце Коцевски.

Граѓаните многу добро го познаваат. Знаат точно што направи и особено што не направи за своите 9 години поминати на функцијата градоначалник. И затоа во два изборни циклуси по ред не му дадоа доверба. И со право.

Велешани и во 2017 година точно знаат кому да му ја дадат довербата да го води градот напред. Тоа сигурно не е Аце Коцевски“, изјави Јордан Витанов, ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дознај: Еве kои возила во Македонија се ослободени од плаќање на патарина

Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за јавни патишта. Во неколку членови на овој закон опфатен е...

Девојkата сакаше да направи видео за повеќе лајкови и мислиме дека ѝ успеа

Колегите од „Мотика.мк“ успеаа да не насмеат со ова видео. Како што пишуваат тие, Идејата е видеото да ја направи популарна, можеби не како што...

Фатен е жив: Мажот кој дупчи гуми по Водно е сниман на камера

Повеќе сопственици на патнички возила последниве два месеци пријавиле во полициската станица Центар дека кога ќе станат наутро - откриваат дека гумите на нивните...

Го вртеше моторчето, па кравите го нападнаа: Лудa снимка која ќе ве насмее

Во продолжение видеа што ќе ве насмеат На социјалните мрежи постојано можеме да најдеме видеа со забавна и интересна содржина која ќе не насмее. Ние...

Ново Тикток видео: На наплатната рампа Скопје – Гостивар вади легитимација и минува без проблем (Видео)

Објавувањето на Тикток видеа од ваков тип во последно време е актуелно во нашата држава, па оттука се поставува прашањето - што конкретно ќе...
- Advertisement -