6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Виц: Брат украдоа ми колата

Брат украдоа ми колата. Како бе, беше ли у полицијата? Бев бе, не се они.

Трпе вози кола, одеднаш БАМ, некој го удира одзади. Искача од кола нервозен, гледа кој го удрил. Во колата позади гледа плавуша и одма почнува да и вика:

Ти ма! Гледаш ли што направи?! Си полагала ли воопшто за возачка?
а плавушата му враќа: Ма сто пати поише од тебе!

Плавуша отишла на доктор и влегла во ординацијата за преглед. Докторот: Соблечете се и легнете на креветот. Плавушата: Колку сте некултурни докторе, може ли малку предигра прво?

Од каj си? Од Куманово а ти? Од Скопје. А сопругот? Од Струмицa. По дома како се разбирате? На англиски, службен јазик ни е за дома.

Полицаец застанува бабичка од 80 години и ја кара: Па добро госпоѓо, зошто возите толку брзо?

Бабата: Ма дај пушти ме, дур уште памтам кај сум тргнала.

Виц за бујната кралица и коњушаречето: Во едно далечно кралство живеела една кралица со големи, бујни гради, која била најубавата жена во целото кралство.

Во шталите на кралицата имало едно коњушарче кое имало еден единствен сон – да ги бакнува сочните гради на кралицата. Тоа му било во паметот кога ја гледал, за тоа сонувал кога спиел.

Еден ден го споделил својот сон со кралскиот лекар. Овој го ислушал, се почешал по брадата и рекол: Знаеш ли дека може да биде !!! Имам една идеја, но ќе треба да ми платиш.

– Добро – се согласило коњушарчето.

Истата вечер лекарот ставил иритирачки прав во градникот на кралицата, додека таа се капела. Излегува кралицата, го става градникот и по 5 минути почнува пеколен јадеж. Му се пожалила на кралот, а тој веднаш го викнал кралскиот лекар.

По неколку минути тој веќе ја прегледал кралицата.

– Дааа, дааа! Ова е многу ретка болест која се лекува само и единствено на еден начин! Ни треба некој со многу ретка крвна група ‘АБО’, четири часа да ги лиже градите на нашата преубава кралица.

– Ах! -извикал кралот. Познаваш ли некој со таква крвна група? Пааа, кој, кој… коњушарчето е со таква крвна група. Го повикале коњушарчето и кралот му рекол дека ако спомене некому за ова, ќе го набие на кол. Молчам како гроб – рекло коњушарчето. Во следните 4 часа си го направило најголемиот ќеф во животот.

Следното утро лекарот оди кај коњушарчето. Јас го исполнив мојот дел од договорот. Време е да ми платиш.

– Бегај оттука бе абдал. Ако се разбере за ова и двајцата ќе не набијат на кол !!! Ништо нема да ти дадам, па ти оди жали се некаде ако смееш. И му ја треснал вратата. Следниот ден пак некој чука на вратата на коњушарчето. Отвора и гледа лекарот со двајца стражари.
– Здраво, пријателе. Има наредба веднаш да се јавиш во кралскиот дворец !!! Погоди кого ужасно го чеша „стојко” ???

Наравоучение: Не забивајте му нож во грб на оној кој ви помогнал да си го остварите сонот !

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави