7 C
Skopje

Владата продолжување со креирање на мерки: Платежни картички за пензионери, невработени и самохрани родители

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

Владата предводена од СДСМ и во новиот мандат продолжува со креирање и реализација на мерки, со кои им помага на граѓаните и на компаниите полесно да го поминат овој тежок период на пандемија со коронавирусот, порачаа од СДСМ. Четвртиот сет на антикризнини мерки, кој ќе биде презентиран наскоро, ќе ги рефлектира реалните потреби на компаниите и на граѓаните и дополнително ќе ја раздвижи економијата.

За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ, платежни картички ќе им бидат доделени и на пензионерите со пензии до 15.000, пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.

Пакетот предвидува и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а продолжува и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.

Владата со првите три сета мерки успеа значително да ги ублажи негативните ефекти врз економијата, преку обезбедување на ликвидност на компаниите и борба за зачувување на секое работно место, а истовремено со платежните картички и ваучерите за туризам ја поттикна домашната потрошувачка и економија.

Во новиот мандат, Владата предводена од СДСМ, ќе покаже дека државата е сервис на граѓаните и сите сили ќе ги насочи во градење на нова, развојна македонска економија подготвена да одговори на сите предизвици. – стои во соопштението од владејачката СДСМ.

Битиќи: Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска истакна дека како Влада градат концепт на едно општество за сите и оти е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа.

Битиќи денеска на прес-конференцијата со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, на која беа презентирани резултатите и компаниите кои добија поддршка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19, одговори на новинарско прашање во врска со најавите кои ги изнесе првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за можно субвенционирање на вработувања во приватниот сектор по етнички клуч.

Пристапот и на претходната Влада, и на оваа Влада, е ист. Секој граѓанин е еднаков и добива еднакви можности и еднаков третман. Мислам дека е неблагодарно да целиме јавните пари да се делат по етничка основа. Дали навистина за едно болно дете ќе треба да прашаме дали тоа дете е Албанец, Турчин или Македонец и така да ги даваме парите. Мислам дека во едно правично општество, тоа треба да го заборавиме. Единствен пристап треба да биде јавните средства да стигнуваат таму каде што е потребно, потенцира Битиќи.

Тој додаде дека нема првични проценки колку пари би биле потребни за реализација на етничката застапеност во приватните фирми.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -