fbpx
19.8 C
Skopje

Владата со рок за семејствата од поплавите: до 1 април да се иселат од студентските домови

АКТУЕЛНО

Владата одлучи да го продолжи рокот за семејствата загрозени од поплавите кои се случија на 6. август, па така тие ќе можат да останат во студентските домови „Сениќ“ и „Партеније Зографски“ до први април.

Дел од граѓаните чиишто домови беа најзагрозени, истакнуваат дека парите од државата за санација ги добиле кон крајот на минатата година, па поради мал временски период, немале можност да ги санираат куќите и да создадат основни услови за живот.

Група на граѓани се жалат и дека воопшто не добиле оштета од страна на државата, а има и такви кои тврдат дека добиле, но мала сума на финансии.

„Семејствата што се обесштетени и не започнале да ги обновуваат куќите ќе добијат рок до први април да го сторат тоа и да се иселат од домовите“, изјави министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -