fbpx
11.8 C
Skopje

Владиката до Заев: Се колнеше во децата дека нема да менуваш име додека дишеш, но сепак издиша

АКТУЕЛНО

На 30 септември да бојкотираме. Да си останеме дома , да ја пуштиме Васка Илиева и да ги пееме нашите македонски песни. Само така ке може да го зачуваме своето достоинство и на 1 ви октомври да излеземе со гордо кренати глави, порача владиката Агатангел на денешната божествена света литургија што се одржа во црквата Св.Кирил и Методиј во Велес. На самиот почеток на обракањето на присутните им кажа дека ова е можеби еден од последните пати кога верниците се собираат под името Македонска првославна црква, јавува дописничката на ТВ Алфа Александра Ристевска.

 

Таа пренесува дека во своето обракање митрополитот Повардарски истакнал дека ние не сме против ЕУ и НАТО, но да се бара промена на име е најголемата жртва што може да ја даде еден народ. Голготата на македонскиот народ почна со Тиранскиот договор, а изминатиот месец дозволивме многу мисионери да ни го труат умот, рекол владиката Агатангел

“По 30септември македонскиот народ ке добие камшици по своите грбови. Ќе немаме македонска армија, македонска академија на науки, а внуците ке се срамат од своите дедовци бидејки од македонци, дозволиле да се прекрстиме во северномакедонци. И верниците кои денес беа на литургија се согласуваат дека промената на името е најголемата жртва што Европа ја бара од нас”, рекол митрополитотот Повардарски според кого на многу верници им било забрането да дојдат на литургијата, а им се заканувале и со бркање од работа.

Се колнеше во децата, татко, дедо и дека нема да менува име додека дише но сепак издиша, рекол Агатангел на литургијата во Велес.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -