13.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Владите на Македонија и Бугарија веќе имаат конкретни проекти за соработка

Владите на Република Македонија и Бугарија на првата заедничка седница ќе стартираат конкретни проекти за соработка. На седницата која ќе се одржи на 23 ноември во Струмица, ќе се разгледаат можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката. Врз основа на постигнатите спогодби и во согласност со Договорот за пријателство, соработка и добрососедство ќе бидат потпишани билатерални документи.  Одржувањето на заедничката седница беше договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов во Скопје во почетокот на август оваа година, кога беше склучен Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу двете држави.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави