fbpx
17 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот криминалец Заев не е по враќањето, туку по земањето

АКТУЕЛНО

Откако денес СДСМ излезе со соопштение во кое се вели дека партијата ветува враќање на 15% од платниот ДДВ од потрошувачките сметки на граѓаните, од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа.

Според нив ова е крајно лицемерно, освен ако СДСМ не планира да ја сведе минималната плата на 4000 денари.

„Вкупната потрошувачка на просечно семејство во најголем дел отпаѓа на производи и услуги кои се оданочуваат со 5% ДДВ, вклучително и комуналните услуги и на крајот на годината според оваа логика на СДСМ излегува сума околу 4.000 денари, што е далеку од 500 евра или просечна плата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека СДСМ и Заев ова во пракса можеле да го покажат во Струмица.

„Дополнително што СДСМ и Заев оваа пракса за повраток од данок на граѓаните можеле да ја спроведат на некој начин и во општина Струмица, а тоа ниту на крај памет не им паднало во изминативе години. И граѓаните и јавноста знаат дека аболицираниот криминалец Заев не е по враќањето туку по земањето“, додаваат од партијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив ветувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека ќе има по 500 евра годишно за секое семејство, е единствено можно доколку секое семејство троши по 2000 евра месечно.

„Елитистите од СДСМ очигледно своите математики ги правеле земајќи ги предвид луксузирањата на Вице и Зоран или потрошувачката во семејството на Радмила“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -