fbpx
18 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме инцидентот во кој се промовираше мапа на голема Албанија во Чаир

АКТУЕЛНО

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашниот инцидент во кој се промовираше мапа со голема Албанија, во чии граници има и делови од Република Македонија, на фудбалскиот натпревар во скопски Чаир.

ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните органи да го расчистат случајот и да го санкционираат побудувањето на националистичките страсти и ширење на етничката нетрпеливост.

Ова е втор ваков случај на оспорување на територијалниот интегритет и суверенитет за кус период. Пред само неколку недели во центарот на Куманово од јарбол беше симнато Македонското државно знаме и на негово место беше развиорено знамето на Албанија.

Заедничко за двата срамни инциденти е тоа што тие се директно инспирирани од негаторските изјави кон Република Македонија кои во континуитет ги гледаме и од страна на странски, но и од домашни политичари.

Најголемата одговорност за ваквите напади кон Македонија и македонскиот народ и кон сите државни и национални обележја лежи токму во сервилниот, поданички и антидржавен однос на криминалецот Зоран Заев.

Само за да се дограби до власт, иако загуби на декемвриските избори, Заев ги прифаќа сите антимакедонски уцени и се согласува на сите отстапки кои одат на штета на државните и националните интереси.

Заев е убеден дека доколку ја реализира Тиранската Платформа и доколку молчи за симнувањето на македонското знаме, мапите на голема Албанија или изјавите на Зијадин Села, ќе успее да формира Тиранска Влада и да се спаси од кривична одговорност за криминалите што ги има направено.

Реализирањето на Тиранската Платформа ќе значи целосна двојазичност на Македонија, промена на знамето, грбот и химната, промена на името по грчки терк и федерализација на државата, што во крајна фаза ќе доведе до растурање на државата.

Аболицираниот криминалец Заев сака своите долгови кон нарко-мафијата и неговите истомисленици од надвор да ги плати со македонската државност и прифаќањето на Тиранската Платформа.

ВМРО-ДПМНЕ апелира криминогената врхушка во врвот на СДС веднаш да ја отфрли Тиранската Платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за Тиранската Платформа.

Граѓаните се гневни за пост изборниот инжинеринг со кој се подметна Тиранската Платформа и секојдневно во голем број се низ улиците на градовите низ Македонија и кажуваат НЕ за Тиранската Платформа и ДА за нови избори.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ изјави Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -