fbpx
20.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ инсистира договорот од Владата за ангажирање на Џезаир Шаќири да биде веднаш раскинат

АКТУЕЛНО

Министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана не смеат да му даваат никакви информации на новиот Советник на Зоран Заев за безбедност и борба против радикализам, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Зоран Заев и Џезаир Шакири, таканаречен Командант Хоџа, може да се политички истомисленици и да имаат сличен начин на делување, но Хоџа никако не смее да дојде во допир со информации околу поставеноста на специјалните единици, бројноста и особено не смее да дојде во допир со податоци за припадниците на овие единици. Секоја ваква информација до Хоџа со ваков тип на информации може да претставува сериозен ризик по безбедносните структури, исто како што се сомнителни и мотивите на информациите кои Хоџа би му ги давал на Заев. Со какви информации за вооружени групи располага Хоџа и зошто досега ги криел од безбедносните органи? Каде е оружјето на групата која го „држела“ Танушевци пред тој да му го „ослободи“ на Заев и каде се нејзините членови? Истражните органи не смее да ги игнорираат овие јавни признанија на човекот кој што е на црната листа на САД. Тие мора да го повикаат на разговор и да поведат сериозна истрага, вели тој.

Партискиот портпарол посочува дека во ситуација во која што Хоџа не смее да добива информации од безбедносните служби, а неговите мотиви и информации мора да се земат со резерва, политичката одлука на Заев да му се даде вака висока функција на лице кое се барало со меѓународни потерници е невиден срам за државата бидејќи тој не може да придонесе за подобрување на безбедноста.

-Македонската јавноста гласно негодува! Нивните сопартијци и поддржувачи се бунтуваат за поставувањето на Џезаир Шаќири за советник за безбедност на премиерот! ВМРО-ДПМНЕ укажуваше и предупредуваше Сега и Амбасадата на САД изразува загриженост!Што повеќе треба за Оливер Спасовски и за Зоран Заев да увидат и разберат, што тоа е контроверзно во ангажирањето на Командант Хоџа на функција, која подразбира достапност до сите класифицирани документи што се однесуваат на безбедноста на државата?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски вели дека ВМРО-ДПМНЕ инсистира договорот од Владата за ангажирање на Џезаир Шаќири да биде веднаш раскинат!

-ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека давањето на безбедносен сертификат и достапност до државните тајни на Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа, вон процедура – е кривично дело! Националниот комитет за борба против тероризам и насилен екстремизам мора да ги игнорира препораките на Хоџа и не смее да споделува информации со него. Сето ова не може да се мине под закрила на некаква „ресоцијализација“. Дури и амбасадата на САД преку медиумите и соопшти на македонската јавност дека тие „ја изразиле својата загриженост до Владата на Република Македонија“ заради назначувањето на лица од нивната црна листа за советници. Црната листа е составена од лица непожелни во САД поради националната безбедност. Ако Џезаир Шаќири, командант Хоџа е ризичен за националната безбедност на САД, како може да биде советник за безбедност на Република Македонија? Секое понатамошно инаетење на Заев значи потврда на неговата порака кон сите идни криминалци и екстремисти со која ги повикува да се судрат со државата за потоа да добијат функции во власта. Тоа е вистинската порака на Заев со ангажирањето на лице од американската црна листа, барано со меѓународна потерница и лице вмешано во убиство на полицаец – за свој советник за безбедност во власта, нагласува Стоилковски.

Како што нагласува тој ВМРО-ДПМНЕ инсистира до институциите веднаш да се отпочне со истрага за тоа каде е оружјето и кои биле соработниците на Командант Хоџа со кои, како тврди, го имал заземено Танушевци и потоа ослободувањето го „истргувал“ со Заев за функција во власта?

Ова понижување на државата, кое ги надминува нејзините граници, мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -