fbpx
17 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право и да дознае што сака да сокрие Зоран Заев

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

ВМРО-ДПМНЕ, денес излезе со соопштение до јавноста во кое за лидерот на СДСМ изјавија дека тој и раководството ја претвориле партијата во партија на подземјето и промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.

„СДСМ е дувло и синоним за криминалот.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во партија на подземјето и промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално. 

Заев и раководството на СДСМ се во близок контакт и соработка со криминалци како Захир Бекири-Чауш кој им служеше за фалсификување пасоши и банкарски налози во Фабриките за афери на СДСМ, со близнаците од Ѓорче осомничени за обид за убиство и повеќекратни осуденици, братот на Јане Тица, Зоран Верушевски, јатаците на терористите во Диво Насеље и уште многу други.

Зоран Заев и неговите најблиски соработници се дружат со други криминалци и размислуваат како криминалци. Кога некој од нивните соработници ќе биде уапсен како дилер на кокаин, СДСМ им се заканува на новинарите кои известиле за апсењето на овие криминалци. 

Освен заканите кон новинарите, Заев и СДСМ молчат и не одговараат на прашањата кои ја интересираат јавноста.

Дали аболицираниот криминалец Заев знаел дека неговите соработници со години уништувале животи земајќи ги во вителот на дрогата и дали чувствува барем морална одговорност?

Дали овие криминалци биле сигурни во себе дека нема да одговараат заради тоа што СДСМ раководеше со МВР? Дали позадински овие дилери на дрога се чувани од структурите на Оливер Спасовски или пак Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?

Дали Заев или некој од врвот на СДСМ имале директен бенефит земајќи пари од бизнис со дрога за поддршката и заштитата која им е давана на нарко-групата од безбедносните структури на СДСМ?

Ниту една јавна закана на Заев и функционерите на СДСМ кон новинарите нема да го спречи излегувањето на виделина на вистината. Јавноста има право да знае за криминалите на луѓе поврзани директно со врвот на СДСМ. Јавноста има право и да дознае што сака да сокрие Зоран Заев.

Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово. Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија“, стои во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Фабрика на слатки облаци: Руски град во кој се патува поради совршениот традиционален десерт

Кога би се бирал „најслаткиот“ град во Русија, тоа би бил Коломна, кој е синоним за традиционалниот десерт од јаболка наречен пастила. Но, не дозволувајте...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...
- Advertisement -