fbpx
15 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ не дава да му се свитка кичмата

АКТУЕЛНО

„Република Македонија нема да има два официјални јазици на цела територија. Банкнотите нема да станат двојазични и нема да се менуваат униформите. Нема да се менува ниту грбот, ниту знамето, ниту името. Нема да се носат резолуции за осуда за геноцид, ниту ќе се дозволи федерализација или кантонизација. Нема да се реализираат елементите од Тиранската Платформа затоа што граѓаните ја осудуваат и не гласаа за неа.

Криминалецот Заев во надеж дека ќе се спаси себе си и криминогената врхушка на СДС околу него од кривичен прогон е спремен да направи Влада врз основа на Платформата од Тирана.

Криминалецот Заев и СДС во целост ја прифатија Тиранската Платформа и сите точки од истата, а тоа го потврди и неговиот сопартиец Мухамед Зекири.

Криминалецот Заев ако мора да си го плати долгот кон нарко-мафијашките структури и партнерите од надвор, кои и му ја сервираа Тиранската Платформа, што мора да ја испорача, може да го плати од фирмите на кланот Заеви, становите на Шекеринска и Шилегов и хациендите на Богоев, но не и со македонските национални интереси.

Криминалецот Заев е врзан за креаторите на Платформата од Тирана и не смее да осуди ниту една нивна антимакедонска изјава. Заев молчи пред навредите и антимакедонските ставови на Еди Рама, Дитмир Бушати и Зијадин Села.

Криминалецот Заев молчи и се надева на Влада која зависи од радикалот Села, за кого Македонците не постојат како нација, кој не го признава знамето и химната на Македонија и сака истите да ги смени.

Кримналецот Заев покажа дека е човек со целосно свиткана кичма кога станува збор за Македонија и нејзините интереси и нема проблем истата и да си ја скрши, ако е тоа условот за формирање на Влада, која за него значи спас од кривичен прогон.

За разлика од криминалецот Заев, македонскиот народ не дава да му се свитка кичмата и не сака да ги плаќа долговите на Заев. Народот тоа го докажува секој ден на улиците низ државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -