fbpx
37.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Невработеноста во моментов е на рекордно најниско ниво

АКТУЕЛНО

„Заклучно со крајот на првиот квартал од оваа година, според Заводот за статистика, во Република Македонија вработени се 734 000 граѓани, односно 20 000 повеќе граѓани се вработени во однос на истиот период лани. Бројот на невработени лица е намален за 13 000.

Тоа е постигнување кое е реално и од кое бенефит имаат и граѓаните и државата.

Невработеноста во моментов е на рекордно најниско ниво од осамостојувањето на државата и сега изнесува 22.9%.

Со мерките и активностите кои ги преземаше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ практично се анулираат негативните ефекти од најцрниот период во независна Македонија, криминалната транзиција која што ја спроведе СДС.

ВМРО-ДПМНЕ изминатите години со напорното работење, воведување на активните мерки за вработување, ниските даноци, политиката на странски инвестиции, поволната бизнис клима, оперативните планови на владата за вработување, придонесоа невработеноста да се намали на историски најниски 22.9%.

Една од суштинските компаративни разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е фактот што во 2006 година владата на СДС ја остави Република Македонија со 38% невработеност, а во првиот квартал од 2017-тата година невработеноста изнесува 22.9% и е на историско најниско ниво. Додека ние спроведувавме проекти и мерки, реализиравме отворање на нови работни места, СДС водеа деструктивна политика, блокираа и уценуваа за сметка на својот личен интерес. Но и покрај се, ние успеавме да реализираме намалување на повеќе од 15% на стапката на невработеност, со што помогнавме да го зголемиме стандардот на граѓаните и да им овозможиме услови за поквалитетен живот.

Да потсетиме дека од 2006-та година до денес отворени се нови 175.000 нови работни места. Тоа е конкретно исправање на неправдата која беше нанесена на над 200 000 семејства чии членови заради криминалната транзиција и затварањето на приближно 700 фабрики останаа на улица.

Постигнувањето е уште поголемо затоа што последниве години мерките се реализираа во услови на длабока политичка криза во која што СДС ја втурна државата. Додека тие се занимаваа со деструкција, креирање афери и манипулации, ние се боревме да реализираме проекти за добро на сите граѓаните.

Спроведувањето на отворените политики за инвестирање од страна на странските компании, помагање и поддршка на домашните компании се политики кои се водат во континуитет изминативе години се дел од политиките кои највеќе придонесоа за постигнување на резултатот и тие мора да продолжат.

Очекувањата на граѓаните се да продолжи и понатака трендот на воведување мерки и реализирање на проекти за подобрување на квалитетот на животот како и на нивниот животниот стандард.

Граѓаните очекуваат, СДС да престане да глуми опозиција и да се занимава со беспредметни манипулации. Граѓаните очекуваат СДС да ги исполни ветувањата и да овозможи нови 64.000 работни места, просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари исто така во првата година, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари,. Граѓаните исто така очекуваат и стабилна економија и годишен раст комулативно секоја година од 5%.

Граѓаните немаат никаква корист од најавите на СДС за уривање, блокирање и укинување. СДС мора да почне да испорачува тоа што го ветиле.

Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања“, изјави Христијан Мицковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -