fbpx
36.8 C
Skopje

ВМРО ДПМНЕ: Република Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираа на пресконференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Република Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада.

Граѓаните на 11-ти декември ја дадоа својата поддршка за излез од кризата и гласаа за проекти, реформи и развој. Граѓаните на 11-ти декември ставија крај на деструкцијата и велепредавствата кои ги промовираше СДСМ како нивна политика.

Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и игнорирал Уставот и законите на Република Македонија. Единствено што знае еден аболициран криминалец е да лаже и манипулира, а не да ги толкува Уставот и законите.

Политичката кариера на аболицираниот Зоран Заев заврши на 11-ти декември. Најгласната порака што ја испратија граѓаните е дека тој мора да одговара и за барањето поткуп, и за велепредавство и за сите криминални тендери за кои се врзува неговото име“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -