fbpx
-1.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Новото раководство на ЕЛЕМ потфрлило во реализацијата за цели 27,5 отсто

АКТУЕЛНО

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани

ПРВА ЛИНИЈА Home ИЗБОРИ Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани December 1, 2020 13:10 Како иден градоначалник се обврзувам дека ќе продолжам да работам...

Бочварски: Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека гасификацијата е еден од приоритетите на Владата и оти кракот кој поминува низ од Куманово,...

Венко не спие: Доцна во ноќта ги сподели најновите резултати за Ковид-19 за изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп...

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштенијата на СДСМ и ЕЛЕМ.

„СДСМ и АД ЕЛЕМ во недостиг на аргументи, знаење и вештини се служат со лаги. Резултатите со кои се фалат се резултати на преходната гарнитура.

Фактите говорат дека производството на ЕЛЕМ во 2017 е надминато од претходното раководство. Во периодот од 01 Јануари до примопредавањето во Август 2017 година, производството е надминато за 6.7 % во однос на планот. После преземањето на ЕЛЕМ од новото раководство, производството колабира.

Бројките се поразителни за лагите на СДСМ.

Вкупно со планот во првите седум месеци за 2017 година биле предвидени 2290,7 GWh, а произведени се 2444,4 GWh, односно има процентуално натфрлање околу 6,7%.

Доколку се точни податоците со кои излегува СДСМ дека на крајот на годината има натфрлање на планот од околу 5%, тоа значи дека новото неспособно раководство на СДСМ драстично потфрлило во реализацијата на планот откако управува со ЕЛЕМ.

Во контекст на ова ако ги погледнеме и резултатите од јануари 2018 година, во споредба со истиот месец 2017 година, новото раководство на ЕЛЕМ потфрлило во реализацијата за цели 27,5 %.

Дека новото раководство на ЕЛЕМ од редовите на СДСМ е соочено со својата неспособност показател е тоа што мораат да се користат и со невистинити информации. Така во моментот на примопредавање во ЕЛЕМ, на депонијата во РЕК Битола имаше залихи од над 150 000 тони јаглен, а новото раководство на ЕЛЕМ ја заврши годината со количество од 44 000 тони, кое количество во 2018 година континуирано се намалува и се повеќе ја загрозува сигурноста во производството на електрична енергија во нашиот најголем производен капацитет.

Ова е вистината за состојбите во енергетскиот систем кој што СДСМ и нивните кадри во ЕЛЕМ не сакаат да им ги соопштат на јавноста. Нивната неспособност може да ја покриваат со манипулации или лаги, но последиците ги плаќаат граѓаните и македонската економија.

Ова е уште еден доказ зошто оваа неспособна и корумпирана власт мора да си замине што поскоро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Апел до Шилегов од отец Оливер: Ве замолувам како родител, помогнете да го спасиме животот на Елизабета

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов не отстапува од новогодишното украсување на главниот град, иако голем број граѓани бараа истото да се откаже или барем поголем...

ТАЖНА ВЕСТ Македонија загуби уште еден доктор: Две недели се лечел од корона, по што нагло му се влошила состојбата

Струга загуби врвен доктор, кој успеал да се справи со коронавирусот но не и со последиците од него. Шеесетгодишниот хирург-специјалист д-р Владимир Кочоски две...

Работа од соништата во Шведска: 2.000 евра месечно за речиси ништо

Речиси секој сонува за совршената работа – да правите нешто што ви причинува задоволство, а коешто ви носи доволно заработка за да живеете среќно....

Заев повторно со емотивен статус: Со жалење ја примив веста за смртта на заменик градоначалникот на Скопје

Со искрено жалење ја примив веста за смртта на Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, бизнисмен и сопственик на една од најуспешните компании во...

Фуркан Салиу со моќна порака: Драги сограѓани МАКЕДОНЦИ

Фејсбук статус на новинарот Фуркан Салиу Драги сограѓани МАКЕДОНЦИ, Немојте да замислите ништо! Да, Министерот за надворешни работи е Албанец, и тука нема што да...
- Advertisement -