fbpx
33.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Одржувањето на Суперкупот е поважно од сите ПР манипулации на Владата на СДС

АКТУЕЛНО

„СДС, Зоран Заев и Драги Рашковски се уште се однесуваат како опозиција, а не како власт која треба да работи за добробит на граѓаните.

ПР манипулациите на СДС може да делуваат атрактивно за медиумите под контрола на Бихаќка, но дефинитивно не носат ништо добро ниту за државата, ниту за граѓаните.

Владата на ВМРО ДПМНЕ и покрај сите опструкции ја изгради Арената Филип Втори, една од најмодерните на овој дел од Европа со што Македонија влезе на мапата на УЕФА како сериозен конкурент за организација на настани од највисок ранг.

До последниот извештај на УЕФА, Владата на ВМРО ДПМНЕ редовно добиваше позитивни извештаи. Се што беше побарано од стручните лица на УЕФА беше реализирано.

Единствените обврски кои остануваат да се реализираат до последната најавена посета од страна на УЕФА се тековни работи околу климатизацијата и средување на просторот, таканаречен ТВ компаунд, каде што би се сместувале возилата преку кои би се вршел преносот.

Својата неспособност Заев не смее да ја покрива со лажни изјави од типот сериозни пропусти. Сериозни пропусти нема!

Општина Центар која е под контрола на СДС го имаше повлечено одобрението за градба кое се однесуваше на средување на просторот на кој би се сместиле репортажните возила согласно стандардите кои ги бара УЕФА. Сепак и овие проблеми беа надминувани додека на власт беше ВМРО ДПМНЕ.

Ова се редовни обврски кои брзо и ефикасно може да се исполнат. Единствено што треба е да се обезбеди буџет за Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор да ги реализира во наредните 10 дена. Владата со одлука може да овозможи алокација на средствата на ПУИГ кои би се пренамениле за сервисирање на обврските околу Суперкупот.

Лагите дека имало сомнителни тендери нема да помогнат во исполнување на бараните критериуми од страна на УЕФА. Сите јавни набавки се реализирани согласно закон. Спроведена е електронска аукција и одбрана е најниската понуда за тековно одржување на Арената Филип Втори, која е многу пониска од невистините изнесени од Рашковски.

ВМРО ДПМНЕ бара Владата на СДС да не си поигрува со угледот на Република Македонија. Одржувањето на Суперкупот не смее да биде загрозено. Време за губење нема. Одржувањето на Суперкупот е многу поважно од сите ПР манипулации со кои се занимава Владата на СДС“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Драги Рашковски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -