fbpx
13 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Пад во индустриското производство за цели 5.3% и на извозот за 12%

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

„Граѓаните со владата на СДС секој ден стануваат се посиромашни, а државата се позадолжена.

Ниту еден макрокекономски показател не е позитивен во последниве 5 месеци.

Неодговорната влада на СДС го руши стандардот на граѓаните, со што ја намали просечната плата за 1.3%, два месеци по ред, иако ветуваа плати од 500 евра.

Тоа значи помалку пари во семејниот буџет, помалку пари за исхрана, плаќање на сметки, помалку за образование на децата.

Ветувањата на Заев дека ќе има раст на економијата, паднаа во вода бидејќи во првите четири месеци од нивното владеење, во Македонија има пад на бруто-домашниот производ за 1.8%.

Намалениот БДП значи дека целокупната економија произведува помалку од минатата година. Дека економијата на државата стагнира, а фирмите кризираат.

Индустријата пропаѓа. Пад се забележа и во индустриското производство за цели 5.3% и на извозот за 12%. Тоа ќе придонесе пад на невработеноста и зголемување на сиромаштијата во Македонија.

Економијата продолжи да оди во надолна линија со што се одрази и на работењето на банките. Народната банка потврди пад на активноста на банките за 1.6%. Ваквите бројки покажуваат дека компаниите и инвеститорите, се помалку бараат и добиваат кредит.

Работниците во странските компании кои инвестираа во државата се во грч, затоа што се плашат дека тие се следните кои може да останат без работа. Катастрофалните економски политики на СДС не донесе ниту една странска инвестиција. Пад на директните странски инвестиции за 100 милиони евра, ги натера инвеститорите да размислуваат да си одат од државата.

Неодговорната влада на СДС се коцка со судбината на граѓаните. Освен што нема план и желба да ги реши проблемите на граѓаните, успеа и да ги задолжи за 420 милиони евра кои ќе ги враќаат новните деца и внуци. 420 милиони евра граѓански пари беа расипнички потрошени од СДС и Заев на луксузирање и партиско вработување.

Ваквото неодговорно и неспособно владеење на СДС, граѓаните ќе го казнат. На Македонија и треба Нова Ера и на 15-ти октомври граѓаните ќе ја дадат довербата за ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...

ХОРОСКОП Љубов: ќе бидете одвоени од партнерот

ЉУБОВ: Ќе бидете одвоени од партнерот, но тој многу ќе ви недостасува. Ова ќе биде краток период. ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате. Бик (21.04 – 21.05) РАБОТА:...

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...
- Advertisement -