fbpx
21.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ почнува со БЛОКАДИ од 15 часот: Мицкоски ќе биде пред Собрание

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ од денес почнува со протести и блокади во Скопје и во уште 10 градови откако партиските лидери објавија дека имаат цврсти информации оти преговорите со Бугарија ќе бидат на штета на македонскиот национален идентитет.

Според најавите од партијата, блокадите ќе се одржуваат од 15 до 17 часот, а во Скопје во овој период ќе бидат блокирани раскрсниците кај „Нова Македонија“, ТЦ Мавровка и пред Собранието.

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски вчера изјави дека во следниот период ќе има протести, поради како што рече, тајните преговори кои двоецот Заев – Бучковски ги водат со официјална Софија, а се однесуваат практично на иднината на Македонија и евроинтегративниот процес на македонскиот народ, нација и држава во рамките на Европската унија.

Тој кажа дека од високи дипломатски извори од Брисел и од Софија дознаваат дека Декларацијата усвоена од бугарското Собрание е дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

– Сакаме да спречиме асимилација и бугаризација на Македонија, истакна вчера Мицкоски.

Тој притоа порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на улиците се додека на јавноста не ѝ биде покажан документот „Патоказ“. Апелираше до сите политички партии без разлика дали се леви, десни или центар, без разлика дали се парламентарни или надвор од парламентот, да се приклучат на барикадите, затоа што македонскиот народ, македонската нација заслужуваат одбрана во овој момент.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -