fbpx
21.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против премиерот Заев за поткуп на избори!

АКТУЕЛНО

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денес до јавното обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, за поткуп при избори, најавена викендов.

Членот на Извршниот комитет на партијата, Димитар Димовски пред обвинителството рече дека во склоп на кривичната пријава доставиле и видео материјал.

„На видеото се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, се слуша дека признава, еден бизнисмен, односно сопственикот на „Минстрој“ веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум. Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот па ниту Зоран Заев“, изјави Димовски.

„Исто така бидејќи сме овде, би сакал да го прашаме јавниот обвинител, до денеска немаме одговор еве од 5-ти јули е поднесена кривична пријава против Зоран Заев, премиерот на Република Македонија, Никола Димитров министер за надворешни работи на Република Македонија, Талат Џафери претседател на Собранието на Република Македонија, Артан Груби претседател на Комисијата за европски прашања и уште 67 пратеници по 4 основи од Кривичниот законик и тоа велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службена положба. Помина повеќе време, поминати еве речиси два ипол месеци до денеска немаме никакво известување што се случува со таа кривична пријава која што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе“, додаде Димовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -