fbpx
0 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ повторно го прозва МВР за убиството на Мартин Јанушев

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, безмалку секој ден излегува со ново соопштение во кое бара од Власта и МВР да се реши убиството на младиот Мартин Јанушев.

Александар Нацев, во име на ВМРО-ДПМНЕ, денес повторно излезе со прес пред медиумите кој што се одржа пред местото на убиството, во близна на скопскио локал, „Ред Кафе.

Во продолжение, интегрално ви го пренесуваме искажаното на прес-конференцијата:

Почитувани,

МВР прави спектакли со рации по дискотеки апсејќи малолетници со специјалци, а убијци и криминалци се шетаат слободно по нашите улици.Ова е потценување на интелигенцијата на граѓаните.Минува дванаесеттиот ден од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, а власта го крие и штити убиецот. Тој е на слобода и не смее да се спомене неговото име.

Мафијата владее. Пред 10 дена беше пукано кон куќата на советникот на премиерот Заев пред неговиот дом. Се шпекулираше во јавноста дека бил близок до убиецот и му помагал. Молк од МВР и за овој скандал. Не се знае кој пукал кон владиниот советник и зошто. Уште помалку вооружените криминалци се пронајдени и приведени.

Граѓаните со право се плашат дека партиската полиција е целосно ставена во служба на мафијата и вооружените банди. Јавна тајна е дека пукачите се дел од партиското подземје поддржано и блиско до СДС. Мафијата со доаѓање на Заев на власт си доби држава, а со потпретседателот Оливер Спасовски си доби заштитник во полицијата.

Граѓаните не можат да се чувствуваат безбедно кога во 21 век среде бел се егзекутираат луѓе пред очите на цела јавноста?

МВР наместо да ги штити интересите на граѓаните, штити убијци и дозволува слободно да се шетаат по улиците. Според гласините кои кружат во медиумите убиецот е близок до власта и еден од првите луѓе на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ која важи за блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев.

МВР дозволи убиецот да избега, а со тоа да не може да се изведе пред лицето на правдата. Во истрагата за овој настан се направени сериозни пропусти и не е спречено неговото бегство. Фото роботот е алатка која служи за граѓаните да можат да го препознаат убиецот и да пријават кај надлежните органи. Фото робот во овој случај не постои и покрај тоа што убиството е извршено среде бел ден и на фреквентна локација на која има голем број на минувачи и безбедносни камери.

Во јавноста се повеќе се говори дека поради блискоста на убиецот со власта на терен се работи некој криминалец да ја преземе одговорноста за убиството со цел спас на вистинскиот убиец.

Потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски мора да преземе одговорност и да замине од функцијата министер. Полицијата во најмала рака треба да  почне да си ја врши својата работа и да ги гони криминалците, a Спасовски ќе помогне со тоа што ќе си даде оставка и ќе престане со опструкции“.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Огнен Јанески: Девојчињата и жените нема што неkому да полагаат сметkи за својата приватност

Фејсбук статус на Огнен Јанески Оваа држава отсекогаш функционирала во полза на криминалците, на девијантните, на опасните, наместо да се грижи за жртвите, за повредените...

Владата започна постапка за набавка на дополнителни 200.000 дози вакцина против КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Со...

Најнова вест: Британскиот сој на коронавирусот регистриран во Македонија

Од Министерството за здравство информираат дека денес при при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика...

Раkoт вљубен и посесивен, таjни непријатeли саkaaт да му наштетат на лавот

Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува успех во областите врзани со хуминитарна или уметнички дела. Бракот е стабилен. Брачниот партнер разбира дека...

Германија воведе нови построги правила за влез

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез...
- Advertisement -