fbpx
27.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветуваше профезионализација, добиваме партизација

АКТУЕЛНО

„СДС и понатаму се однесува како опозиција, со крајно неодговорни и непрофесионалност и некомпетентноста стануваат главна одлика на Владата на Заев. СДС ветуваше профезионализација, добиваме партизација, ветуваа почитување на законите, а реално тие се прекршуваат на секој чекор.

Наместо почитување на законот при именување и разрешување на директори Владата покажува елементарно непочитување на законите и кршење на законските норми.

Новите директори на Управата за јавни приходи, на бирото за јавна безбедност, на агенцијата за храна и ветеринарство и управата за безбедност и контраразузнавање се поставени без да се испочитува законската обврска за познавање на англискиот јазик. Ова се кадри кои иако имале законска обврска, не доставиле доказ дека за познавање на англиски јазик, а СДС ги профилира како врвни компетентни кадри.

Новиот директор на УЈП пак беше и учесник во протестите на шарената платеничка револуција. Прво ја шараа и сквернавеа зградата на УЈП со боја, за да денес седне на директорското столче. Ова е само еден пример за какви професионалци станува збор.

СДС не сака просперитетна Република Македонија, СДС сака целосно партизирана држава со целосна контрола врз сите државни институции. За цело ова време министерството за информатичко општество и администрација молчи. Тие чиј закон е основен и грубо се прекршува се оние кој го толерираат и одобруваат ова. Тоа е така затоа што и министерот Манчевски е дел од тој ланец на непрофесионална и некомпетентна администрација каква гради СДС. Кова првите луѓе на институциите се низ незаконска процедура поставени можете да замислите што се случува низ спиралите на администрација на останатите полиња.

Го повикуваме и управниот инспекторат и трудовата инспекција да реагира за кршењето и непочитувањето на законите.

СДС ветуваше професионалци, а добивме некомпетентни кадри кои се именуваат и со кршење на законските правила при именување“, изјави Емилија Александрова, пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -