fbpx
-4 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ почна да се одмаздува, ова е почеток на тоталитарен режим

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Соопштение до јавноста

СДСМ воспоставува тоталитарен режим во државата. Режим чија главна одлика е прогонот на политичките неистомисленици и противници на Зоран Заев. Откако на референдумот власта доживеа вистински дебакл, наместо да ја послуша волјата на граѓаните се реши да се одмаздува на оние кои не дадоа поддршка за капитулантскиот договор од Преспа.

СДСМ ги реализира заканите кои пред референдумот ги упатуваше кон администрацијата, закани за губење на работни места, санкции и казни за сите оние кои не го дадоа својот глас за капитулантското дело на Зоран Заев.

Во јавноста се почесто сме сведоци на дисциплински постапки и бракање од работа на вработени во јавната администрација само поради тоа што тие одлучиле да апстинираат на денот на референдумот и да не одговорат на манипулативното прашање кое им го наметна власта.

Административните службеници се казнувани неосновано и спротивно на Законот, спротивно на сите демократски права и начела. Правото на глас е едно од основните западни вредности и тоа мора да биде почитувано.

Изминативе година и половина владеење на СДСМ со државата беа одбележани со еклатантно непочитување на Уставот и законите, а сега владата на Заев не ја почитува ниту волјата на над 1 милион и 200 илјади граѓани кои беа против или апстинираа од гласањето за капитулантскиот договор со Грција. Волјата на граѓаните мора да се почитува, а политичкиот прогон мора да запре.

Законите и Уставот мора да се почитуваат, а сите локални шерифи на СДСМ кои сега работат спротивно на законите и малтретираат како што велеше Заев од ,,чистачка до директор’’ еден ден ќе одговараат за своето противзаконско работење. Граѓаните и покрај сите закани, притисоци и уцени се одважија и храбро се спротивставија на криминалниот картел на чело со Зоран Заев, тие со својата апстиненција гласно кажаа дека Република Македонија победи!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ново видео на „Тик-Ток“ во кое возач лудува по македонските улици и вози со 255 км/ч (ВИДЕО)

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено ново видео каде возач управува...

Утре е Водопост, на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат ова

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани...

Бил Гејтс и Рокфелер веќе ги прават новите ковид пасоши: Како ќе функционираат?

Американските технолошки и здравствени гиганти, вклучувајќи ги Мајкрософт, Клиниката Мејо и Оракл, се здружија за да создадат нови ковид пасоши за вакцинација. Благодарение на новите...

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...
- Advertisement -