fbpx
18.7 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со негативната реторика со упатени навреди кон Турција

АКТУЕЛНО

Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржа прес-конференција на која што го обвини СДСМ за упатени навреди кон Турција.

„СДСМ продолжува со негативната реторика и со навреди упатени кон Турција и претседателот на Турција господинот Реџеп Таип Ердоган. Ова не е прв пат, го правеа и во минатото. Еден од примерите беше кога преку професорскиот пленум се пишуваа дописи дека власта во Турција ги тортурира курдите и ако знаеме дека Турција нема проблеми со курдите туку има проблеми со терористите.

Оваа реторика негативна продолжува, сега видовме деновиве на социјалните мрежи екс шефот на Центарот за комуникации на СДСМ Игор Мицковски упатува навредителни зборови кон Турција и кон претседателот Реџеп Таип Ердоган, а тоа го лајкува и поддржува и не било кој, не било кој граѓани, туку заменик министерот од редовите на СДСМ господинот Јани Макрадули.

Ние гледаме дека реториката на СДСМ многу брзо се смени. Тие себе си се претставуваа за демократи, борци за демократија а се однесуваат ги рушат сите закони и Уставот на Република Македонија. Тие за себе велеа дека сакаат слобода, но се однесуваат неморално. Ова е навистина скандалозно, скандалозна работа за сите граѓани во Македонија“ изјави Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -