fbpx
19 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Со никакви лаги СДСМ не може да ги дефокусира граѓаните од платформата

АКТУЕЛНО

„СДС безочно лаже и манипулира само за да ги покрие црните бизниси и криминалите на Заев и злосторничкото здружение околу него.

Нема некој што не ја гледа паниката на уценетиот Заев кој е спречен од народот да ги испорача обврските од Тиранската платформа. Народот му застана на пат и сега во очај измислуваат нови лаги и манипулации со кои не може да ги покријат стотиците милиони евра кои Заеви ги вртат, користејќи ја политичката криза што СДС ја пролонгира.

Јасно е дека во отсуство на аргументи СДС ќе продолжи со клевети и лаги, наместо да се соочат со фактите.

Политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ резултираа со повеќе од половина милјарда евра инвестиции во изградба на нови и модернизација на постојните капацитети во изминатиот период вложени во изградба на нови и модернизација на веќе постојните производни капацитети.

Благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните на РМ е меѓу најниските во регионот и во европа.

Остануваме посветени да реализираме проекти кои ќе им значат додадена вредност и подобар живот на граѓаните на РМ.

Со никакви лаги СДС нема да може да ги дефокусира граѓаните од штетните последици на прифатената Тиранска платформа.

Граѓаните се на нозе!

Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -