fbpx
28.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ со протест пред полициската станица во Охрид!

АКТУЕЛНО

Откако претходно беа повикани на распит од Специјалното јавно обвинителство, денес стотици членови на ВМРО-ДПМНЕ излегоа да го искажат својот револт и протестираат пред полициската станица во Охрид, поради тоа што биле повикани на разговор од обвинителството, за кое како што велат самите тие, работело за СДСМ.

Членови на партијата наведуваат дека во поканите кои СЈО ги има испратено до нив пишува дека е оформен предмет за донациите во ВМРО-ДПМНЕ, поради што треба да дадат изјава, а доколку тоа не го направат ќе бидат приведени со полициска придружба,а трошоците ќе бидат на нивен товар.

Останува прашањето како членови на партијата кои тврдат дека не биле донатори на истата, ги има на списокот на донатори на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -