Зоран Заев ги направи струмичани граѓани од втор ред, истакнаа на денешната прес-конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.
„Неговата грижа за Струмица кулминираше со тоа што додека Струмица и струмичките села се затрупани со снег и неисчистен смет со месеци, тој нашата механизација ја однесе во Арачиново, за да им удоволи на арачиновци“, рече Даниела Стоилова Кечева од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Заев наместо да ги чисти од снег улиците во Струмица, ја пратил механизацијата во Арачиново.
„Тој не се грижи за фактот дека брзата помош не може да стаса до отсечените села во Струмица, а тоа може да чини нечиј живот“, додаде Стоилова Кечева.