fbpx
12 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Уцената која што ја прифаќа СДСМ има огромна цена, која ќе ја плати целата држава

АКТУЕЛНО

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Министерството за труд и социјална политика информира...

НАЈНОВО: TOЛКУ ОД УБАВОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВА ГОЛЕМА ПPOМЕНА ОД УТРЕ

Утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Во сабота поради продор...

Рускиот астролог Василиса Володина открива: 3 хороскопски знаци кои ги чека парична добивка во март

Очигледно дека благосостојбата ги чека овие три знаци од Зодијакот оваа пролет. Проверете за што станува збор. Рускиот астролог Василиса Володина вели: 1. Можеби мислите дека...

Спасовски се огласи за ТиkТоk: Aпелирам за внимателно користење на социјалните мрежи

Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија...

ВМРО-ДПМНЕ преку својот прес центар испрати соопштение до јавноста, каде порачува дека уцената која ја прифаќа СДСМ има огромна цена, која нема да ја плати СДСМ, туку целата држава.

Во продолжение интегрален пренос на соопштението:

Уцената која што ја прифаќа СДСМ има огромна цена, а цената нема да ја плати само СДСМ туку целата држава.

Прифаќањето на платформи на туѓи држави како основа за преговори и формирање коалиции е процес кој води во разградување и редефинирање на државата.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја анализираше политичката состојба после постигнувањето на договор меѓу СДСМ и ДУИ со кој беа обезбедени потписи за барање на мандат за составување на идната владина коалиција.

Нетранспарентноста на целата постапка и криењето на договорот, остава огромен сомнеж за ризиците кои ги содржи истиот. Според ИК постигнувањето на договор со кој се одлучува за иднината на унитарна, суверена и мултиетничка Македонија зад затворени врати, креира тензии во земјата и го буди гневот меѓу граѓаните. Штетите предизвикани од ваквото постапување може да бидат огромни и далекусежни.

Затоа ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмираше позицијата и ставот на партијата дека во конкретниов случај, помала е цената да се удоволи на желбата на СДСМ кој сака да се дограби до власт и покрај поразот кој го доживеа на минатите избори. ВМРО-ДПМНЕ би ја поддржала идната нивна влада, само доколку се откажат од уцените и целосно ја отфрлат платформата од Тирана.

Реализацијата на платформата од Тирана ќе значи целосно редефинирање на Република Македонија, нејзино претворање од мултиетничка во бинационална држава кој во подоцнежните фази ќе се федерализира, кантонизира и подели.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реализирање на вакво сценарио кое е спротивно на државните и националните интереси и ќе застане на страна на народот кој на изборите не гласаше за платформата од Тирана. Напротив, мнозинството граѓани ја поддржа програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО има обврска кон гласачите да ја почитува нивната волја.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дино Мерлин прв пат за болеста: БЕВ КАКО БИЛКА

Еден од најпопуларните балкански пејачи Дино Мерлин за прв пат проговори за својата болест и како што вели дека било премногу сериозно и се...

Партијата на Љубчо Георгиевски заедно со останатите помали партии во Собранието предлага измени во изборниот Законик за една изборна единица

ВМРО-Народна партија денеска како дел од македонскиот парламент заедно со останатите помали политички партии, партиципиенти во Собранието, предлага измени во изборниот Законик, односно предлог...

МАРТ НИ ГО НОСИ СНЕГОТ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со детална временска прогноза за викендов, особено подгответе се за утре!

Времето денеска е сончево со мала облачност, а од попладневните часови облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната...

Заев: Имам информација кога ќе стигнат првите 3.000 вакцини ама како да кажам, ако не стигнат?

Ние секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат вакцините. Јас сега имам информација кога ќе стигнат првите 3.000 ама како да кажам, ако...

Бил Гејтс открива до кога мисли дека ќе носиме маски

Бил Гејтс (65) ја примил втората доза од вакцината против ковид-19 пред една недела, потврди во интервју за социјалната мрежа Клабхаус. Но иако основачот на...
- Advertisement -