fbpx
12.8 C
Skopje

ВМРО Народна: Ги осудуваме инцидентите и бараме одговорност за демонстрантите кои дивеаа во собраниската зграда

АКТУЕЛНО

„ВМРО-Народна Партија најстрого ги осудува вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, по насилниот упад на демонстрантите и претепувањето на дел од пратениците и претставници на медиумите. Како најголеми виновници и непосредни иницијатори на овие настани ги гледаме во Претседателот на државата и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои во изминатиот период покажаа сериозен недостаток на демократичност, преку кочење на нормалните демократски постизборни процеси. 

Повикуваме на смирување на тензиите, на разумност и на нормализирање на односите во државата. Истовремено, Бараме, надлежните органи да се изјаснат каде затаи полицијата и кој дозволи демонстрантите непречено да влезат и да дивеат во собраниската зграда. 

ВМРО-Народна Партија бара и да се проверат наводите дали зад „граѓаните со црни качулки“ стојат параполициски и паравоени формации, контролирани од еден центар, со јасна цел да предизвикаат нереди и евентуално братоубиствен судир, за да се воведе државата во состојба на нестабилност и воена состојба“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -