fbpx
5 C
Skopje

ВМРО-НП: Да се укине прогресивното оданочување

АКТУЕЛНО

ВМРО-Народна партија изразува подршка на Владата за одлуката за замрзнување на прогресивното оданочување и враќање на рамниот данок.

ВМРО-Народна партија уште на почетокот беше против одлуката за промена на даночната политика во Македонија и сеуште стои на ставот дека не е потребно само одложување туку и целосно укинување на прогресивното оданочување.

Причините за ваквиот став ги согледа и самата Влада со тоа што прогресивната даночна политика всушност резултираше со контрапродуктивен ефект. Сметаме дека со укинувањето на прогресивната даночна политика ќе се постигне најдобар ефект и ќе придонесе за поголема стабилност на бизнис секторот.

(интегрален текст од соопштението на ВМРО-Народна партија)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -